Проект за партерно уредување: планирање и обликување на дворот

Oct 28
5 min read

Дворот може да биде место за утринско кафе, простор за долги ручеци со пријателите или зелена оаза за бегство од градската гужва. За да се овозможат сите овие активности во еден простор, потребно е добро планирање.
„Каде ќе биде најпријатно да се седи во лето?“ „Каде ќе има сонце во пролет и есен?“ „Како ќе се организира паркирањето, каде ќе поминуваат патеките и што ќе се случи ако теренот има значителен пад?“ „А како сето тоа ќе изгледа кога ќе се комбинираат зеленилото, оградата, поплочувањето и осветлувањето?“
Токму тука започнува проектот за партерно уредување. Неговата цел не е само да го прикаже идниот изглед на дворот, туку и да ги разработи сите потребни решенија за просторот да биде функционален, естетски усогласен и подготвен за реализација. Проектот овозможува подобра организација на изведбата, пореално планирање на буџетот и помалку непланирани интервенции.
Фази во процесот на проектирање
Анализа на постојната состојба: запознавање со просторот и неговите корисници
Секој добар проект започнува со увид и мерење на постојниот простор. Се анализираат димензиите на дворот, висинските разлики, пристапите и постоечко зеленило.
Подеднакво важно е запознавање на потребите, желбите и можностите на клиентот.
Дали дворот ќе се користи секојдневно или претежно за викенд - дружења?
Колку време и ресурси може да се посветат на одржувањето?
Дали се потребни простор за игра на децата, надворешна кујна и голема трпезариска маса или приоритет е мирно место за одмор, опкружено со зеленило?
Врз основа на одговорите се дефинираат приоритетите и се создава решение што одговара на реалниот начин на живот, а не само на визуелните очекувања.
2D функционална организација: основа за добро решение










Comments